Фото: Wikimedia commons / Youtube

Американска актерка почина на 46 години од рак: Го позајми гласот за ликовите Мисти и Џеси од познатиот цртан филм „Покемон“

Американската гласовна актерка и сценаристка Рејчел Лилис почина по тешка битка со ракот на дојката. Таа имаше 46 години.

Лилис беше најпозната по тоа што го позајми гласот за анимираните ликови Мисти и Џеси во популарниот цртан филм „Покемон“. Тажната вест за смртта на Лилис на социјалните мрежи ја објави колешката Вероника Тејлор, која го позајми гласот за ликот Еш Кечам од „Покемон“.

„Рејчел беше голем талент, носеше светлина преку гласот и кога пееше и кога зборуваше. Ќе остане запаметена по многуте анимирани улоги што ги играше. Беше многу благодарна за љубовта и поддршката што ја доби додека се бореше со ракот“, ја започна изјавата, додавајќи колку е среќна што имала можност да се сретне и да помине време со Рејчел.

„Имаше одлична смисла за хумор и беше многу добра. Неверојатно интелигентна личност. Не сум сигурна како сега ќе се пополни оваа темна празнина, засекогаш ќе живее во нашето сеќавање“, заклучи таа.

Инаку, Рејчел Лилис студирала глума во Бостон и Њујорк и се појавила во различни театарски продукции, анимирани серии и независни филмови. Таа првично беше со седиште во Њујорк, но се пресели во Лос Анџелес во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот