Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Американецот Вер не е повеќе играч на МЗТ Скопје
Американецот Дастин Вер повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва потпиша спогодбен раскин на договорот со клубот, по кој ниту една од двете страни немаат понатамошни обврски една кон друга.
Препорачано
Тој со добрите игри на турнирите во АБА2-лигата го привлече вниманието на побогати екипи од далеку посилни првенства, нешто што придонесе да се намали неговата желба да го носи „сино-белиот“ дрес.
– Како и во многу слични случаеви претходно, не сакавме во своите редови да имаме играч, кој не е целосно фокусиран на обврските кон нашиот тим и кој не го дава својот максимум, особено на средбите од домашниот шампионат, поради што прифативме прекин на соработката – известуваат од клубот.
МЗТ Скопје Аеродром веднаш почна со потрага на неговата замена, со надеж дека ќе најде уште подобро решение, односно играч кој покрај тоа што ќе игра добро во АБА2, воопшто нема да ги потцени македонските натпреварувања, каде што традиционално атакува на трофеите во првенството и во Купот на Македонија.
Моментно во АБА2 лигата после седум натпревари МЗТ е на второто место со 13 бодови, еден помалку зад водечкиот Борац од Србија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5