Запленети банкноти/Фото: Царинска управа на РСМ

Американец фатен на Скопскиот аеродром со 204 колекционерски предмети, вредни 700.000 денари

Американец бил фатен со колекционерски банкноти и монети на Скопскиот аеродром.

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чијашто вредност е проценета на 700.000 денари (11.000 евра), соопшти Царинската управа.

„Случајот е откриен на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД“, велат од Управата.

Патникот, иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели, се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран за детална контрола, при што во двата куфера и во торбите што ги носел биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.

Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот