EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Американците си ја бараат назад кошаркарката фатена во Русија со хашиш

Двојната олимписка шампионка Бритни Грајнер е притворена во Москва поради шверц на наркотици. Од САД велат дека таа е бесправно притворена и работат на нејзино ослободување

Американските власти сметаат дека двојната олимписка шампионка, кошаркарката Бритни Грајнер е „бесправно притворена“ во Русија, навестувајќи дека ќе ги зголемат напорите таа да биде ослободена.

Грајнер беше уапсена во февруари на аеродромот во Москва, откако руските царински службеници кај неа нашле ампули со масло од хашиш. Таа не е формално обвинета од властите, но нејзиното сослушување е закажано за 19 мај. Од нејзиното апсење, тензијата помеѓу Русија и САД е зголемена поради војната во Украина, што го комплицитра и овој случај.

Според Министерството за надворешни работи на САД, Русија бесправно ја држи во притвор Грајнер. Специјалниот пратеник Роџер Карстенс го води тимот кој работи за таа да биде ослободена. Грајнер е кошаркарка на ВНБА лигашот Феникс меркјури, а настапува и за тимот на УММЦ Екатеринбург од Русија, кога не игра во американската лига.

Грајнер игра на позицијата центар, а има олимписки медали од ЛОИ Рио 2016 и Токио 2020. Со рускиот тим таа ја има освоено Евролигата четири пати, а шампионка е и во ВНБА лигата.

Маслото од хашиш е делумно легално во некои држави од САД, но е нелегално во цела Русија. Многу е чудно што Грајнер, која во Русија настапува седум години, не знаела дека со тоа што има вакво масло го крши законот на земјата во која престојува, велат Русите. Таа е уапсена поради шверц на значително количество наркотици, што може да и донесе 10 години затвор, ако биде прогласена за виновна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот