Семејство шопинг купување
Фото: Pexels/Gustavo Fring

Американците пооптимистични: Се подобрува расположението на потрошувачите, очекувањата за инфлацијата паѓаат

Американците стануваат пооптимистични кога станува збор за економијата – покажува најновата анкета на Универзитетот во Мичиген, пренесува Си-Ен-Би-Си. Според нив, расположението на потрошувачите – односно колку луѓето се чувствуваат сигурни и подготвени да трошат пари – е на највисоко ниво во последните пет месеци.

Според првичните бројки, индексот кој го мери расположението се искачил од 60,7 поени во јуни на 61,8 во јули.

Истовремено, граѓаните очекуваат инфлацијата – односно порастот на цените – да биде помала. Очекуваната годишна стапка на инфлација паднала од 5% во јуни на 4,4% сега во јули. И долгорочните очекувања за инфлацијата се намалиле – од 4% на 3,6% – што е најниско ниво во последните пет месеци.

И бројките од малопродажбата ги изненадија економистите: Американците во јуни трошеле повеќе од очекуваното – продажбата се зголемила за 0,6% на месечно ниво. Експертите очекуваа многу послаб раст – само 0,2%. Иако инфлацијата сè уште постои, Американците не се откажуваат од трошењето, а тоа е добар знак дека економијата сè уште се движи напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот