Граничен премин Рафах меѓу Египет и Газа/ Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Амбасадори од Советот за безбедност на ОН во посета на граничниот премин Рафах

Амбасадори од Советот за безбедност на ОН пристигнаа денеска во Египет за да го посетат граничниот премин Рафах со Појасот Газа, неколку дена откако САД ставија вето на резолуцијата на СБ за прекин на огнот.

Обединетите Арапски Емирати го организираа патувањето до Рафах – каде ограничената хуманитарна помош и испораките на гориво преминаа во Газа – додека 15-члениот совет преговара за резолуција изготвена од ОАЕ со која се бара од завојуваните страни „да дозволат користење на целото копно, море и воздух за рути до и низ“ Газа за помош.

Амбасадорката на ОАЕ во ОН Лана Нусеибех рече дека целта на посетата е „од прва рака да се научи што е потребно во смисла на зголемување на хуманитарните операции што ги задоволуваат потребите на палестинскиот народ во Газа“. Таа истакна дека тоа не е официјална посета на Советот за безбедност.

САД не испраќаат свој претставник, што следи по американското вето минатата недела на предложеното барање на Советот за безбедност на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Газа.

„САД се многу свесни за многу тешката ситуација во Рафах и работат деноноќно за да се обидат да ја подобрат ситуацијата на теренот“, рече Нејт Еванс, портпарол на мисијата на САД во ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот