Profimedia

Аматер ја откри фасцинантната тајна на Јупитер

Научниците и астрономите аматери ги здружија силите за да ја оспорат долгогодишната претпоставка дека облаците на Јупитер се составени од замрзнат амонијак – што претставува суштинска карактеристика на оваа планета.

Со помош на комерцијално достапни телескопи и спектрални филтри, астрономот аматер Стив Хил собрал податоци за да ја мапира количината на амонијак во атмосферата на Јупитер. Но, тој открил нешто што е во спротивност со претходните модели на составот на атмосферата на Јупитер.

„Бев заинтригиран!“, рече Патрик Ирвин од Оксфорд за Space.com. „На почетокот бев скептичен дека методот на Хил може да произведе толку детални мапи на амонијак. Но, како што напредуваше анализата, сомнежите отстапија место на возбудата“.

Атмосферата на Јупитер и новите откритија

Атмосферата на Јупитер се состои главно од водород и хелиум, со помали количини на амонијак, метан, водена пареа и други гасови. Овие гасови кондензираат на различни надморски височини, создавајќи облаци кои ја рефлектираат сончевата светлина и создаваат впечатлив изглед на планетите. Бидејќи амонијакот е присутен во атмосферата на Јупитер и се кондензира при најнизок притисок од сите познати гасови, научниците долго време претпоставуваа дека најголемите видливи облаци на планетата се направени од замрзнат амонијак.

„Научниците секогаш ќе претпоставуваат едноставен модел додека не добијат убедливи докази дека тој модел е погрешен“, објасни Ирвин.

Хиловиот метод, наречен „Анализа на длабочина на апсорпција“, користи специфични бранови должини на светлина кои апсорбираат метан (619 нм) и амонијак (647 нм). Со споредување на овие апсорпции, тој успеал да ја пресмета и мапира дистрибуцијата на амонијакот со голема прецизност.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот