
Алкараз разочаран по елиминацијата во Буенос Аирес: Тежок пораз за мене, навистина ме боли
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не го криеше разочарувањето пред новинарите на прес-конференцијата по изненадувачкиот пораз од Чилеанецот Николас Хари на турнирот во Буенос Аирес.
Препорачано
Алкараз беше поразен со 2:0 во сетови (7:6, 6:3). Шпанецот кој се најавуваше дека ќе биде најсериозен ривал да ја прекине доминацијата на Ѓоковиќ нема титула уште од Вимблдон каде што во финалето беше подобар токму од српскиот тенисер.
Поразот на Алкараз во полуфиналето значи дека Ѓоковиќ од понеделеник дури и ќе ја зголеми предноста на врвот на АТП листата (за 150 поени).
„Тежок пораз за мене, навистина ме боли. Има многу работи кои морам да ги поправам. Играв добар тенис, но далеку од нивото на кое можам и сакам да бидам. Физички добро се чувствував и тоа е важно. Позитивна работа е што гледам што можам да подобрам, морам многу подобро да ја читам играта и да ја извлечам најдобрата верзија од себе во моментите на тензија. Денес тоа ми недостасуваше на 0:30 во брејк поените, тогаш требаше да играм поинаку“, заклучи Шпанецот.
Алкараз ќе изгуби 150 поени на АТП листата бидејќи ја бранеше титулата на турнирот, додека Ѓоковиќ ќе остане на исто бодовно салдо. Разликата помеѓу двајцата сега ќе биде 750 поени, Ѓоковиќ има 9.855, а Алкааз 9.105.
Алкараз изненадувачки поразен во полуфиналето во Буенос Аирес
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5