Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Алкараз ја доби шпанската пресметка за финале во Монте Карло

Карлос Алкараз обезбеди пласман во финалето на турнирот во Монте Карло откако славеше над сонародникот Давидович-Фокина со 2-0 во сетови (7-6, 6-4).

Фокина не одигра лош натпревар, сепак не успеа да приреди изненадување против третиот тенисер на АТП листата.

Првиот сет се решаваше во тај-брејк откако двајцата по двапати го изгубија својот сервис. Алкараз одигра подобро во тај-брејкот прикажувајќи многу подобра игра и со 7-2 дојде до водство од 1-0.

Вториот сет донесе брејк на Алкараз уште во првиот гем и тој беше единствениот, па се покажа како доволен за конечен триумф.

Противник на Алкараз ќе му биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Мусети и Де Минор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот