
Алкараз не дозволи изненадување: Го совлада Мусети за прво финале во Рим!
Карлос Алкараз се избори за свое прво финале на Мастерсот во Рим, откако во полуфиналето по голема борба го победи домашниот фаворит Лоренцо Мусети со 2:0 во сетови (6:3, 7:6).
Препорачано
Со оваа победа, 21-годишниот Шпанец стигна до своето 25-то финале во кариерата и седмо на турнирите од серијата Мастерс 1000.
Дуелот помеѓу Алкарас и Мусети траеше два часа и четири минути, исполнет со многу борба, но и со доста осцилации во играта на Шпанецот. Иако направи голем број неизнудени грешки, Алкараз успеа да се извлече и да ја искористи втората меч-топка за пласман во финалето.
Натпреварот започна одлично за Алкараз и веднаш направи брејк со што поведе 4-1. Мусети успеа да врати еден брејк и да намали на 4-3, но младиот Шпанец потоа освои два последователни гема и го освои првиот сет со 6-3.
Вториот сет беше далеку понеизвесен и на почетокот следуваа три гема со три брејка, а иницијативата ја презеде Мусети кој поведе со 4-2. Сепак, Алкараз брзо се врати, доби три гема по ред и поведе со 5-4. Италијанецот не се предаде и успеа да израмни на 5-5, па дури и да спаси една меч-топка во 12. гем, по што сетот влезе во тај-брејк.
Во одлучувачкиот дел од сетот, повеќе самоконтрола покажа Шпанецот, кој го доби тај-брејкот со 7-4 и со тоа обезбеди место во финалето, каде ќе се соочи со победникот од полуфиналниот дуел помеѓу Јаник Синер и Томи Пол.