Алкараз: Ѓоковиќ според бројките е најдобар тенисер на сите времиња

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска изјави дека Новак Ѓоковиќ според бројките е најдобриот играч во историјата на овој спорт.

Алкараз моментално е вториот тенисер во светот, а последната титула ја освои минатата година на грен слем турнирот „Вимблдон“.

Шпанецот изјави дека се согласува со изјавата на неговиот сонародник Рафаел Надал кој неодамна кажа дека Ѓоковиќ е најдобриот играч во историјата на тенисот.

– Секој има свој поглед на работите. За едни Ѓоковиќ е најдобар, за други Надал, за други Федерер. Рафа рече дека Ѓоковиќ е најдобар според бројките, а и јас така мислам. Ѓоковиќ според бројките е најдобар во историјата, во тоа нема сомнеж. Верувам дека приказната за тоа кој е најдобар е нешто што ги надминува бројките. Сите тројца се тука, а за мене сите тројца се големи – рече Алкараз.

Потсетување дека Алкараз поради повреда го предаде мечот на турнирот во Рио де Жанеиро. А тоа значи дека Ѓоковиќ е сигурен на првото место на АТП листата најмалку до 1 април со вкупно 418 недели на лидерската позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот