Андреј Рубљов/фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Алкараз елиминиран, Рубљов во полуфиналето на турнирот во Мадрид

И втора година по ред Карлос Алкараз не успеа да дојде до трофејот на мастерс турнирот во Мадрид, Шпанија, пред своите навивачи загуби во четвртфиналето од Андреј Рубљов со 2:1 во сетови.

Првиот сет го освои шпанскиот тенисер со 6:4, но Рубљов направи пресврт добивајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:2.

Рубљов за пласман во големото финале ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Тејлор Фриц (САД) и Франциско Серундоло (Аргентина).

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме в четврток, поради повреда Италијанецот Јаник Синер се повлече од турнирот, па директно во полуфиналето се пласираше Феликс Оже-Алијасим.

Канаѓанецот за противник ќе го има победникот од пресметката меѓу Данил Медведев Јижи Лехечка од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот