фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Алкараз е првиот финалист, Шпанецот ќе ја брани титулата во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше денеска во финалето на мастерсот (награден фонд 7,705,780 евра) во Мадрид откако во полуфиналето го совлада Хрватот Борна Чориќ со 2:0, по сетови 6:4, 6:3.

Мечот траеше еден час и 41 минута, Алкараз до „брејк“ во првиот сет дојде во петтиот гем. После тоа сигурно сервираше за водство во сетови од 1:0.

Во вториот сет Чориќ немаше отпор како во првиот иако направи „брејк“ во четвртиот гем.

Алкараз кој денеска го слави 20 роденден, трипати направи „брејк“ на сервис на противникот и така дојде до победата.

Шпанецот, кој ја брани титулата од минатата година, во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален меч Јан-Ленард Штруф (Германија) – Аслан Карацев (Русија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот