
Алиоски: Нема подобро чувство, да се пласирате во Премиер лигата!
Лидс во претпоследното коло од Чемпионшип сезонава триумфираше со 1:3 над Дерби и после завршувањето на натпреварот започна шампионското славје.
Препорачано
Играчите на менаџерот Марсело Биелса успеаја после 16 години да го вратат клубот во Премиер лигата. По подолг период и Македонија ќе има претставник во елитата, во овој случај Езгјан Алиоски.
– Победивме, сакавме тоа да го направиме и против Дерби, ова е одличен крај. Покажавме дека без разлика што прават другите екипи, можеме самите да ја оствариме целта и успеавме. Покажавме дека сме најдобрата екипа. Сакаме вака да продолжиме, желбата е да победиме и на последниот меч сезонава.
Чемпионшип е многу тешка лига, никогаш не сте фаворити, дури и доколку имате добар тим, можете да имате добри и лоши моменти. Го имавме искуството од минатата година, знаевме дека од сето тоа ќе се вратиме посилни.
Нема подобро чувство од ова, да се пласирате во Премиер лигата. Не се опишува со зборови, нешто што не може да се купи – се зборовите на Алиоски.
Нашиот репрезентативец досега има учинок од пет голови во 38 натпревари. Последниот меч сезонава клубот од „Иланд роуд“ во Чемпионшип ќе го има за два дена (22 јули) на домашен терен против Чарлтон (20.30 часот).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5