
Алборг и Пик Сегед нетрпеливи да го почувствуват теренот на Еурофарм Пелистер, за којшто многу слушнале
Играчот на Алборг Бустер Јул изјави дека особено е нетрпелив да гостува во Битола со неговиот клуб и да ја почувствува навивачката атмосфера за која многу слушнал. Слично мисли и Марио Шоштариќ од Пик Сегед
Еурофарм Пелистер ги доби противниците во групата во Лигата на шампионите, а еден од адутите на кои ќе може да смета во тешките битки што го чекаат е публиката што ќе го бодри на мечевите на домашен терен.
Препорачано
Колку е добро позната атмосферата што се создава во салата „Боро Чурлевски“ кога игра Еурофарм Пелустер е и изјавата на крилото на Алборг, Бустер Јул, во врска со она што го очекува неговиот тим во Лигата на шампионите идната сезона.
– Се на се групата ми изгледа во ред и мислам дека имаме добри шанси да го освоиме врвот во групата. Ќе биде интересно да се соочиме со Сандерс Сагосен од Коштад и особено сум нетрпелив да го почувствувам теренот на Еурофарм Пелистер, за којшто многу сме слушнале – вели Бустер Јул.
Слична е и изјавата на Марио Шоштариќ од Пик Сегед.
– Нема да ни биде лесно во Битола, во домот на Еурофарм Пелистер, бидејќи таму ќе не очекува извонредна атмосфера – вели Шоштариќ.
Еурофарм Пелистер е во група со Алборг, Кил, ПСЖ, Киелце, Загреб, Пик Сегед, Колштад. Со Алборг битолчани дома играат на 22/23 неомври, а со Пик Сегед на 25/26 октомври. Ждрепката беше вчера.