Албанија ќе биде домаќин на регионална европска конференција на Интерпол

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала информираше дека од 11 до 13 јуни во Албанија ќе се одржи регионална европска конференција на Интерпол.

Тој додаде дека ова е одлична оценка за државата, нагласувајќи дека ваквите дела покажуваат дека албанската полиција постигнала голем успех во својата работа.

-Албанија е избрана за домаќин на европската регионална конференција на меѓународната организација на криминална полиција, Интерпол, што ќе се одржи во Тирана од 11 до 13 јуни. Тоа е оценка за Албанија во целина, но и за добрите резултати што ги постигна државната полиција, која ја зајакна борбата против организираниот криминал, против неказнивоста, бидејќи тоа е директно поврзано со нова етапа меѓу Албанија и Интерпол, рече Бала.

Меѓу другото посочи дека на конференцијата ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи и директорите на државните полиции на европските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот