Ал Пачино / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ал Пачино откри дека го повредил пенисот како дете: Таа траума сè уште ме прогонува

Актерот Ал Пачино ги објави своите мемоари „Сони бој“, во кои, меѓу другото, пишува и за повредата на пенисот што ја добил како дете. Тој вели дека тоа било едно од најсрамните искуства во неговиот живот.

Во книгата, тој го опишува своето воспитување во Јужен Бронкс, Њујорк.

„Бев како мачка со многу повеќе од девет животи. Имав повеќе несреќи отколку што можам да избројам“, рекол актерот, кој потоа открил како се здобил со повреда на пенисот.

„Одев по тенка, железна ограда и го играв мојот танц на јаже. Цело утро врнеше дожд и се лизнав и паднав, а железната шипка ме удри веднаш меѓу нозете“, напишал Ал Пачино.

Се сеќава дека имал толку многу болки што едвај одел дома.

„Еден постар човек ме виде како офкам на улица, ме крена и ме однесе во станот на тетка ми“, рекол тој.

Таму го чекал докторот да дојде на домашна посета.

„Лежев на креветот со целосно спуштени панталони додека три жени, мајка ми, тетка ми и баба ми во паника ми го допираа пенисот. Мислев, Боже, те молам земи ме сега, додека ги слушав како си шепотат една на друг додека вршеа инспекција“, раскажува тој.

Тој вели дека неговите гениталии „останале на своето место“, но сè уште е истрауматизиран од настанот.

„Помислата на тоа ме прогонува до ден-денес“, заклучил тој.

Мемоарите вклучуваат повеќе спомени од детството на Пачино. Покрај несреќите на маалските огради, тој го опишува времето поминато во кражба на храна и бројни акробации на децата.

Инаку, Ал Пачино на 83 години го доби синот Романо, а при промоцијата на мемоарите зборуваше и за татковството на таа возраст и за момчето.

„Сè што прави ми е интересно. Затоа разговараме. Свирам хармоника кога сме на видео повик и правиме таков вид на врска. Затоа е забавно“, објаснил Пачино.

„Си најде друг!“: Ал Пачино веќе не е во врска со 54 години помладата девојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот