Фото: ЦУК

Активен пожар во атарот на селото Никуштак

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во атарот на селото Никуштак, општина Липково, сѐ уште е активен и се шири кон Орланци, Скопска Црна Гора, како и кон селото Матејче и манастирот Пресвета Богородица.

Во гаснењето се вклучени екипи од подружницата на „Национални шуми“ од Куманово, како и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување, кои се ангажирани од 10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот