Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот обвинет за канибализам, добил вазектомија од мајка му за роденден

Актерот Арми Хамер, кој се соочи со обвинувања за злоупотреба и канибализам кои му ја уништија кариерата во последниве години, призна дека направил вазектомија.

Тој откри дека тоа бил подарок од мајка му за неговиот 38-ми роденден.

Во текот на изминатите три години, актерот ретко се појавуваше во јавноста поради обвинувањата, но сега има поткаст. Во новата епизода на поткастот „The Armie Hammer Time“, тој беше домаќин на неговата мајка, Дру Хамер, а таа откри каков необичен подарок му подарила на својот син за неговиот роденден.

„Јас му се јавувам на Арми и го прашувам што сака за роденден оваа година. Тој вели: ‘Не знам, можеби пари, сеедно’. И јас му велам: “Мислам дека ќе ти подарам вазектомија’“, рече Дру.

Актерот потоа ја раскажа реакцијата на рецепционерката кога ѝ кажал кој плаќа за процедурата.

„Отидов кај рецепционерката и таа ме праша: Сакаш да го ставиш ова на осигурување? И кажав дека немам осигурување со години, па таа ме праша дали сакам да платам со кредитна картичка, и тогаш ѝ реков: „Моите кредитни картички нема да го покријат тоа, мајка ми ќе ви се јави и ќе плати. Жената ме погледна и ме праша: ‘Што?’ Тогаш ѝ реков: ‘Па, да, мајка ми ми купи вазектомија за мојот роденден’“, рече Арми.

По обвинувањата за канибализам и злоупотреба, Арми се разведе од тогашната сопруга Елизабет Чемберс, со која има две деца – Харпер (9) и Форд (7).

Арми ова лето гостуваше во емисијата на Пирс Морган, кој го праша дали некогаш јадел човечко месо. Во интервјуто, Морган го прашува актерот:

„Дали си канибал? на што Хамер одговара: „Дали знаеш што треба да направиш за да бидеш канибал?“

Потоа Морган директно го прашува Хамер дали некогаш јадел човечко месо, а актерот вели:

„Тоа е прашање за кое не сум мислел дека некогаш ќе треба да го одговорам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот