
Актерката Бедија Беговска се приклучи на актерскиот тим во ТВ-серијата „Балканска приказна“
Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Бедија Беговска, доајен на Турскиот театар во Скопје и на македонското глумиште, се приклучи на актерскиот тим во ТВ-серијата „Балканска приказна“ која се снима во Скопје и привлече големо внимание во Турција и во Македонија.
Препорачано
Бедија Беговска ја игра улогата на Нина, сестра на Елена (Сузан Акбелге) и 35-годишната тајна љубов на Ќофтеџи Сулејман (Ердал Озјаџилар).
Беговска за турската публика е позната по улогите во „Лимонада“, „Вишновата градина“, „Познатата Фиренца“, „Мутлу ол јетер“, „Горчлива цреша“, како и многу успешни улоги по кои е препознатлива кај македонската јавност, односно во „Македонски народни приказни“, „Наше Маало“, „Збогум Румелија“, „Трето полувреме“, „Преспав“. За нејзините успеси говори и наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Таа е дна од добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2021 година, највисоко признание за животно дело.
ТВ-серијата „Балканска приказна“ е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Сценаристи на ТВ-серијата се Угур Узунок, Абдулхамид Ишик, Есма Коч, Идрис Мејди, Алев Узма и Озан Ајаз, а линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.
Јованка од „Балканска приказна“: Турската актерка Мерих Озтурк ужива во убавините на Скопје
Разговор со дел од екипата на турската серија што се снима во Скопје: Нашето мото е заеднички живот