Фото: Профимедиа

Ако ги пиете овие лекови, внимателно во текот на горештините: Го зголемуваат ризикот од дехидратација

Македонија се наоѓа во портокаловата фаза, надворешната температура е екстремно висока во целата земја, а врвот на топлотниот бран се очекува в петок. Меѓу другите мерки на претпазливост што треба да ги преземете, важно е да внимавате доколку земате одредени лекови.

Лековите за состојби како што се висок крвен притисок, болести на бубрезите и нарушувања на менталното здравје може да имаат специфични несакани ефекти. Тие можат да го отежнат задржувањето на хидритацијата или ефикасното разладување во топлото време. Поради ова, високите температури и горештините може да бидат потенцијално опасни, па дури и фатални.

Диуретици

Диуретиците најчесто се препишуваат за лекување на затајување на срцето, висок крвен притисок или болести на бубрезите. Со оглед на тоа што ја зголемуваат зачестеноста на мокрењето, зво текот на топлото време можат да нè изложат на ризик од дехидратација или дисбаланс на електролити што му отежнува на телото да ја регулира температурата, пренесува Gloucestershire Live.

На оние кои користат диуретици, се советува да пијат доволно вода и да внимаваат на знаците на дехидратација како што се главоболка, вртоглавица, темна боја на урина и чувство на жед.

Лекови за крвен притисок

Инхибиторите на ангиотензин конвертирачкиот ензим, кои вообичаено се препишуваат на пациенти со висок крвен притисок, може да бидат опасни на топлина, бидејќи луѓето што ги земаат може да бидат повеќе склони кон несвестица или паѓање. Овие лекови, исто така, го маскираат чувството на жед, поради што е потешко да се препознае дали се појавува дехидратацијата.

Бета-блокатори

Бета-блокаторите се уште еден вид на лекови кои можат да го намалат крвниот притисок, но можат да ги користат и пациентите со анксиозност. Тие претставуваат ризик при топло време бидејќи ги зголемуваат шансите да се онесвестите и да ја изгубите рамнотежата и ја намалуваат способноста на телото да се поти, што може да доведе до прегревање поради недоволното ладење.

Антидепресиви

Одредени антидепресиви можат да го зголемат потењето и да ја потиснат жедта, правејќи ги корисниците посклони кон компликации поврзани со дехидратацијата.

Оние што земаат лекови за штитната жлезда за забавено работењете на тироидата, исто така, може да бидат изложени на ризик од дехидратација, бидејќи овие лекови може да ја зголемат телесната температура и да го отежнат ефикасното регулирање на температурата на телото.

Лекови за АДХД

Стимулансите, како што се амфетамините и лековите што се користат за лекување на нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД), исто така може да го зголемат ризикот од болести поврзани со горештините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот