Фото: Државен универзитет во Нови Пазар

Академскиот пленум на Србија алармира: Универзитетите во Нови Пазар и во Приштина пред затворање

Академскиот пленум на Србија соопшти дека ги поддржува напорите на професорите и студентите од двата универзитета за спречување на нивното затворање, предупредувајќи дека во спротивно ќе се изгубат две исклучително значајни високообразовни институции во Србија, упатувајќи повик до граѓаните да се приклучат на протестот што во неделата ќе го одржат студентите во Нови Пазар.

Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП) и Универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица се наоѓаат пред затворање, предупредува Академскиот пленум на Србија.

Исто така, Академскиот пленум тврди ги поддржува сите напори на професорите и студентите од овие два универзитета да не дозволат реализација на ваквото сценарио, со што неповратно би се изгубиле два исклучително значајни универзитета во Србија, и ги повикува граѓаните да се приклучат на утрешниот протест организиран од студентите во Нови Пазар.

„Иако начинот на затворање на овие два универзитета е различен, имаат едно заедничко – оваа власт управува со нивното уништување. Државниот универзитет во Нови Пазар е под раководство на власта погодна, но неспособна и некомпетентна ректорка Зана Долиќанин, на која ѝ помагаат пензионери: проректорот Драгослав Шумарац, координаторот за докторски студии Теодор Атанасковиќ и членот на универзитетскиот совет и партиски послушник Раде Дорословачки, како и професори кои истовремено се вработени и на ДУНП и на Универзитетот во Сараево. Заедно го довеле универзитетот до раб на пропаст и сега ДУНП е на чекор од губење на акредитацијата и затворање, иако е од огромно значење за овој дел на Србија, нејзиниот развој и опстанокот на младите во Нови Пазар и околината. Студентите ветија дека ќе ја надоместат наставата и испитите доколку ректорката поднесе оставка, но таа тоа не го направила, покажувајќи дека има сосема друга задача“, се вели во соопштението на Академскиот пленум.

Пред затворање е и Универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица, се додава во соопштението, чиешто гаснење би значел и крај на еден од последните бастиони на опстанокот на Србите во Косово и Метохија.

„Од 2012 година до денес, оваа власт со своите потези и потпишани договори укинала една по една српска институција на Косово и Метохија, а меѓу последните кои опстојуваат е токму овој универзитет. На него работат значителен број професори кои живеат во централна Србија и патуваат на работа, честопати престојувајќи во Косовска Митровица. Од 1 октомври 2025 година, тие ќе мора да се пријавуваат во косовската полиција секогаш кога ќе доаѓаат и ќе престојуваат на Косово, што дополнително внесува немир меѓу професорите кои веќе се под голем притисок и од косовските и од српските власти. Дополнително, за дипломите издадени од државните универзитети во Србија да важат на Косово, мораат да поминат низ процес на нострификација од косовските власти, кој е нејасен и комплициран и за кој Србите во Косово и Метохија се плашат дека ќе доведе до непризнавање на сите дипломи од универзитетите основани од Република Србија. Последица на сето ова ќе биде тивко гаснење на Универзитетот во Приштина со седиште во Косовска Митровица, а оваа власт е постојан соучесник во тој процес“, велат од Академскиот пленум.

Академскиот пленум смета дека процесите на затворање на овие два државни универзитета се само вовед во затворањето и на сите останати чијшто основач е Република Србија, се додава, зашто на оваа власт ѝ се потребни погодни и послушни, а не образовани луѓе со критичка мисла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот