Антологија со поезија на Ристо Василевски преведена на 25 јазици

Академик Ристо Василевски е добитник на уште три значајни признанија

Познатиот поет и преведувач, академик Ристо Василевски е добитник на повеќе од 60 мошне значајни домашни и меѓународни награди, како „Златен писател на светот“, Мала Нобелова награда, Европска награда „Balcanii şi Europa“, „Кристално перо“, „Лесја Украинка“, „Николај Гогољ“, „Франческо Петрарка“, Голема награда „Михај Еминеску“, Голема награда „Никита Станеску“, Голема награда „Летечко перо“, Европска награда „Клучеви на Преспа“, поетска награда „Браќа Миладиновци“, поетска награда „Ацо Шопов“, „Поета Лауреатус“, „Балканика“, „Милан Ракиќ“, „Златен клуч на Смедерево“.

Неодамна во Романија Василевски се закити со уште три важни признанија – Диплома за прием во седмата Академија (Academia Tomitana; Academija Universalis Poetarium), Диплома за прогласувањето за амбасадор на културата и со уникатно издание на неговата поезија на 25 јазици.

Овој двотомен капитален проект, издаден од Меѓународната академија „Михај Еминеску“ и од реномираната романска издавачка куќа „Реверс“, објавен под наслов „Planeta Poeziei; 25 / Risto Vasilevski, Living garden (I) и Living garden (II)“ со вкупно 964 страници, го уредија академиците Константин Барбу и Јон Деаконеску.

За поезијата на Василевски, есеи и критики пишуваат 33 значајни есеисти и критичари. Меѓу нив се академиците Миодраг Павловиќ, Елка Њаголова, Матеја Матевски, Георги Старделов, Гане Тодоровски, Иван Чарота, Љубомир Левчев, Јон Деаконеску, Данте Мафиа, Дмитро Чистјак, Вено Тауфер, Сергиј Ѕуба, како и истакнатите критичари Санде Стојчевски, П.Р. Драгиќ Кијук, Срба Игњатовиќ, Душан Стојковиќ, Јовица Аќин, Здравка Евтимова, Димитар Христов, Ванда Котвич, Разван Вонку, Максим Замшев и други. Поезијата на Василевски ја преведувале 67 преведувачи, главно истакнати поети.

Нови признанија за Ристо Василевски

Предговор во публикацијата приопштува академик Константин Барбу. Тој својот предговор под наслов „Ристо Василевски, голем европски поет“ го завршува со песната „(О)да за водата“ и заклучува: „Да ја напишеше само оваа песна, поетот Ристо Василевски ќе имаше заслужено место во која било антологија на европската поезија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!