Академијата на Науките на Косово со реакција за „мал Шенген“: Тирана го негира српскиот геноцид, помогната од Албанците во Македонија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Академијата на Науките на Косово, реагираше за последните случувања во врска со регионалниот шенген.

Според Академијата со фактот дека албанската влада е дел од овој процес, и таа го негира српскиот геноцид над Косово.

Академијата на директен начин го напаѓа премиерот на Албанија, Еди Рама велејќи дека единствениот ефект од “малиот шенген“ е сериозното нарушување на односите Косово – Албанија.

„Соочени со внатрешни кризи и последователни неуспеси на реформските прашања и европските интеграции, со континуиран пораст на авторитаризмот и моќта на олигарсите, со кршење на правата за слободно изразување и опозициското делување, трите соседни држави на Косово, (Србија, Северна Македонија и Албанија) во последно време се актуелни во медиумите со еден договор кои треба да ги имитира важните работи на Европа, со таканаречениот балкански „мал Шенген“, произведувајќи го единствениот видлив ефект: Сериозно нарушување на односите Косово-Албанија и повредување на нашата чуствителност за овие односи“ се вели понатаму во реакцијата.

Според Академијата на Науките на Косово, регионалниот шенген во ваков формат е штетен за Косово, особено поради фактот дека Србија не го признава Косово.

– Над се, Косово не може да биде вклучен во еден процес кој што е воден од Србија – се вели во изјавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот