
Ахмети: Октомври е македонско-албански референдум, Мицкоски не може да успее во политиката без да го почитува легитимитетот на Албанците
Лидерот на ДУИ го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека застанал на страната на Мицкоски на штета на Албанците во Македонија и побара тој да се извини
Премиерот Христијан Мицкоски не може да успее во политиката на сметка на Албанците и без да го почитува легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Еуроњуз Албанија. Според лидерот на ДУИ, локалните избори се албанско-македонски референдум.
Препорачано
-Октомври е албанско-македонскиот референдум. Христијан не може да биде успешен во политиката без да го почитува легитимитетот на албанската нација во Северна Македонија. Овие политики на деградирање на албанското прашање не му прават никаква корист ниту на Христијан Мицкоски ниту на Албанците што ги има таму нелегитимно. Неколку пати ги повикавме Вреди да ја напуштат коалицијата и да се обединат околу платформа во мирна одбрана на Охридскиот договор. Успешните политики се прават со политики што имаат легитимитет, фер вклученост, консензуална демократија које е основа на Охридскиот договор. Ние не сакаме да станеме причина за кризи, сакаме да придонесеме и имаме капацитет да ја туркаме земјата напред – вели Ахмети.
Ахмети споделил детаљ од средбите со Мицкоски, каде што рече дека премиерот првично предложил со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори во октомври, но дека потоа се предомислил.
-Демократската унија за интеграција е многу посилна. Што се однесува до парламентарните избори, неопходно е тие да се одржат. Претходно разговаравме со господинот Мицкоски и имавме одлука да им ги пренесеме пораките на нашите партии дека заедно со локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни избори, но на втората средба тој се повлече и имаше нови опции. Јас останав на првата опција што ми ја предложи, да одиме и на локални и на парламентарни избори едновремено – рече Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ изјави и дека позициите на Албанците во Македонија се деградираат поради несоодветната застапеност во Владата. Тој го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека застанал на страната на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, на штета на Албанците во Македонија и на нивните права.
-Зошто Албин Курти ја зазема страната на Мицкоски? Тој очигледно зазеде страна. Соработував со сите партии во Албанија и во Косово, но никогаш не сум зазел страна, ни требаат добри односи со двете албански држави. Тој отворено зазеде страна во поддршка на антиалбанската политика на Мицкоски. Два месеци медиумите во Македонија се занимаваат со Коридорот 8, велејќи дека се гради во Голема Албанија – вели Али Ахмети.