
Адвокатка, сопруга, мајка и модна икона: Амал Клуни како инспирација (ФОТО)
Адвокатка, сопруга, мајка, но и модна икона се титулите кои Амал Клуни гордо ги носи. За последната може да му се заблагодари на својот чик стил, кој е софистициран и елегантен.
Препорачано
Јасно е дека Амал со полно право ја носи титулата кралица на стилот и една од најдобро облечените дами.
Токму поради тоа, Амал може да ви послужи како модна инспирација. Нејзините комбинции се едноставни за копирање, а одлично ќе и одговараат на секоја жена. Исто така, од неа можеме и да научиме неколку работи кога станува збор за стилот, а еве и неколку нејзини сјајни модни совети:
1. Никогаш не претерува со модните додатоци: некогаш се сосема доволни некои тренди обетки или брош.
2. Не се плашете понекогаш и да заблескате. Амал не бега од ткаенините со металик сјај.
3. Не е се во неутралните нијанси: експериментирајте и со силните бои.