Адвокатите на Јанева и Боки-13 најавија жалби за пресудата

Сашо Дуковски, адвокатот на првоосудениот во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски пресудата ја оцени како брутална и очекува.

– Знаевме дека ќе биде ваква брутална казна. Најмалку се заснова на докази- такви нема. Вие бевте сведоци дека нема изготвено вештачење, а судот во образложението се повикуваше на докази, а нејасно е на какви. Нашата борба не завршува тука – изјави Дуковски.

И бранителите на Јанева најавуваат жалба на пресудата.

– Разочарани сме и сметаме дека пресудата за Јанева е превисока. Со вакви пресуди не се враќа довербата во правосудството, затоа што судот треба да суди врз основа на докази. Докази дека Јанева го сторила делото не постојат. Обвинителството не достави никакви докази – рече адвокатката Ирена Фрчкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот