Адеми: Јасно е дека сите членки на Унијата се на наша страна

Едмонд Адеми, советник на премиерот за надворешна политика, вчера во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, зборуваше за вчерашната одлука на три членки во Европската Унија да застанат на страната на Северна Македонија со тврдење дека на ЕУ премногу и попушта на Бугарија.

-Не се само овие три земји, Австрија, Чешка и Словачка, има и други земји кои се на вакво стојалиште, но ете само овие три беа гласни во презентирање на ставот. Ставот на овие три држави околу погрешната интерпретација на историјата праќа порака во смисла, сите кои сме учеле историја знаеме дека Европа има испреплетена историја и тешко е да се дефинира што е што, и дека погрешната интерпетација може да создаде проблеми и во самата ЕУ, па покрај проблеми со буџетот, Ковид, Брегзит, да имаат потреба од отворање на други големи прашања, па пораката е дека толкувањето на историјата да се остави на историчарите, а политичарите да ја интерперитраат сегташноста и да создаваат иднина– изјави Едмонд Адеми.

Дополни дека не би посочил друго име, од друга држава која го има истиот став како посочените три држави, но посочи дека е јасно оти сите членки на ЕУ се на наша страна.

-Не би посочувал никого со име, еве овие три кои настапија јавно се доволни. Кога сите држави беа за усвојување на преговарачката рамка, само една држава беше против. Имаше серија на чекори кои се случуваа и стартот на преговорите требаше да биде круна на сето она што беше направено во изминатиот период- рече Адеми.

Преговарачката рамка за Северна Македонија засега е замрзната додека не попушти Софија, но Германија смета дека се потребни и заклучоци за целиот регион, како што е обичај во декември секоја година.

Брисел: Чешка и Словачка согласни дека на Бугарија премногу и се попушта

Прага и Братислава вчера објавија заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата”.

Чешка и Словачка со заеднички став: Не можеме да прифатиме „погрешно толкување на историјата“

На овој став реагираше бугарското министерство за надворешни работи, кое вчера соопшти дека земјата жали што заклучоците на Советот на ЕУ за време вчерашниот состанок на Советот за животна средина на Унијата (ЕНВИ) во Брисел беа блокирани „без образложение“ од Чешка и Словачка.

Бугарија жали што заклучоците на Советот за проширување и процесот на стабилизација и асоцијација беа неочекувано блокирани од две земји-членки без образложение за време на денешниот Совет на ЕНВИ. Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да продолжиме со нашите напори да постигнеме консензус за проширувањето“, се вели во соопштението на бугарското Министерството за надворешни работи.

Бугарското МНР: Чешка и Словачка „без образложение“ го блокираа ветото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот