профимедиа

Адел ги остави без здив фановите со нејзиниот неверојатно тесен струк: Пејачката се пошегува на своја сметка! (ВИДЕО)

Славната пејачка Адел со месеци привлекуваше внимание со својата трансформација. Фановите со нетрпение го очекуваат секое нејзино ново појавување во јавноста, па самата најава за нејзиното гостување во популарната емисија Saturday Night Live предизвика вистинска вознемиреност на социјалните мрежи.

После шоуто, единствено за што се зборува е витката половина на пејачката, а многумина се смееја на нејзината шега на нејзина сметка. Тоа е, објаснувањето зошто изгуби значителен број килограми.

„Знам дека изгледам навистина, многу поразлично, откако последен пат ме видовте“, започна 32-годишната пејачка.

Како што вели таа, „поради сите ограничувања поврзани со ковид-19 и забрани за патување, таа морала значително да го намали багажот и количината на работи што би ги зела на патувањето.

„Можев да земам само половина од себе, и ова е половина што ја избрав“, заклучи Адел.

„Не ја препознав се додека не проговори“, коментираше еден обожавател.

„Изгледа како сосема друга личност! Не можам да верувам колку е слаб нејзиниот струк“, се согласил друг корисник.

Да потсетиме, Адел изгуби вртоглави 45 килограми по љубовниот бродолом и разводот од Симон Конечки. Покрај тоа што се грижеше за своето ментално здравје, таа започна да тренира и беше подложена на диета Сиртфуд, што резултираше во неверојатна трансформација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот