Велешани побезбедни: Бројот на кривични дела годинава намален за 17,14 отсто

На територијата на СВР Велес во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период лани, се бележи намалување на вкупниот број на кривични дела за 17,14 отсто, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Во исто време, според Спасовски, во однос на недозволената трговија со дрога бележиме зголемување во откривачката дејност за 39,1 проценти.

– Позитивниот тренд во 11-те месеци годинава присутен е и во областа на безбедноста во сообраќајот, каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди со потешки последици за 4,7 отсто. наведува Спасовски во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот