Фото: Профимедиа

Зигмунд Фројд: Ова се 6-те карактеристики на ментално силните личности кои ги плашат луѓето

Познатиот психоаналитичар Зигмунд Фројд верувал дека ментално силните луѓе никогаш не прават одредени работи, без разлика колку на другите им изгледаат како тирани и без разлика колку другите бегаат од нив. Тој смета дека човек треба да се споредува само со двајца.

Зигмунд Фројд е едно од најпознатите имиња во светот на психологијата, а светот го напушти со корисни совети кои многу луѓе можат да ги користат во секојдневниот живот и да ни помогнат подобро да се разбереме себеси и другите.

Фројд верувал дека ментално силните луѓе се надарени со одредени особини. Силните личности никогаш не престануваат да учат и да работат на подобрување на нивните ментални способности. Но, има некои од нивните карактеристики кои предизвикуваат стравопочит, па дури и страв кај другите. Познатиот психоаналитичар го искажал своето мислење за квалитетите на силните луѓе поради кои другите луѓе се плашат од нив и честопати не ги сакаат.

1. Внимателни се со своето време и не се впуштаат во безначајни разговори

„Молчењето може да биде знак и за ниска и за висока интелигенција. Во првиот случај, не знаете што да кажете. Во вториот, воопшто не разбирате зошто зборувате. Паметните луѓе не разговараат кој што јадел, кој каде отишол, и кој со кого живее …“, рекол Фројд.

2. Не поднесуваат незнаење, лигавење и аматеризам

„Би бил најдобриот шеф на светот или неверојатен работник. Но за луѓето вие сте тиранин и арогантна личност која мисли најдобро за себе“, напишал тој.

3. Постигнува цели, наоѓаат можности и таму каде што се чини дека ги нема

„Прво, тоа значи дека сте многу вредни и работите напорно. Тоа е веќе причина зашто да не те сакам, бидејќи надминувате многумина. Второ, постигнавте цел и ова е резултатот. Тоа значи дека живеете подобро од многумина Совршена средина за завист“.

4. Тешко е да ги налутиш, исплашиш и навредиш

Чудно е што луѓето дури и на тоа им завидуваат. Секој би го сакал истото. „Големината на секоја личност се одредува според големината на проблемот што може да ја исфрли личноста од такт“, изјавил Фројд. Луѓето често се предаваат на проблемите, не можат да преземат одговорност за себе, па ја префрлаат на другите.

5. Мразат изговори

„Само апокалипсата ќе ги принуди да се откажат од задачата што ветија дека ќе ја завршат. Тие сакаат и луѓето околу нив да го сторат истото. Но, полесно им е да се дистанцираат и исчезнат отколку да се променат“.

6. Не одговараат на критиките

„Единствената личност со која треба да се споредувате е „вие од минатото“. И единствената личност од која треба да бидете подобри е „онаа личност што сте сега“ “ е една од моќните мисли на Фројд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот