Изгореници од сонце / Фото: Marjan Apostolovic / Alamy / Alamy / Profimedia

Мелем за испечената кожа од сонце: Јаболковиот оцет ќе ја извлече топлината, кантарионот ќе ја спаси

Кога станува збор за изгорениците од сонце, важи изреката: „Подобро да се спречи, отколку да се лекува“. Превенцијата е најдобриот начин да се заштитите од краткотрајните последици како црвенило, болка или меурчиња, но, исто така, и да го намалите ризикот од долготрајни оштетувања на кожата, како и од најсмртоносниот вид на карцином – меланом. Не можеме да речеме дека лекарите и медиумите не нè предупредуваат на опасноста од сонцето, но сепак, статистиката вели дека секоја втора возрасна личност добива изгореници од сонце барем еднаш годишно.

Сите знаеме што треба да правиме, да користиме кремови за заштита и да го избегнуваме изложувањето на сонце меѓу 11 и 17 часот, но повторно се случува да изгориме. Кога ќе поцрвените „рак“ веќе е доцна за плачење, но можете да пробате да ја ублажите непријатноста и тоа со средства кои ќе ги најдете во својата кујна.

Јаболковиот оцет ќе ја извлече топлината. Додадете лажица или две во кадата и легнете 15 минути.
Сода бикарбона, исто така, може да помогне. Во половина чаша вода додадете четири супени лажици сода бикарбона и добро промешајте. Смесата со помош на памук натапкајте ја на изгорените места. Друга опција е да ја наполните кадата со вода и да додадете две шолји сода бикарбона.

Од помош може да бидат и црниот или зелениот чај кои се богати со танин, кој, исто така, ја извлекува топлината. Направете силен чај, почекајте да се излади, а потоа искористете го за облоги.

Може да помогне и свежо нане, доколку го имате. Иситнете две шолји свежно нане и смесата поделете ја во четири шолји со врела вода. Кога ќе се излади, наполнете ја кадата за капење, додадете ја смесата и лежете извесно време во водата. Ако немате када, може да ви помогнат и облози.

Секако, не заборавајте на добро познатите кисело млеко или јогуртот – едноставно и ефикасно решение против изгореници. Нанесете кисело млеко или јогурт на болните места и набргу ќе почувствувате олеснување.

Сè што ви е потребно е свежа билка алое вера. Листот скршете го на половина, а течноста којашто ќе излезе намачкајте ја по кожата. Пијте што повеќе вода, бидејќи на тој начин ќе и помогнете на кожата побрзо да закрепне.

Може да ви помогнат и ладни, но не и ледени купки. Притоа избегнувајте употреба на разни гелови и соли за капење, бидејќи може да настане алергиска реакција. Кога ќе изгорите избегнувајте пилинзи и лупење на кожата.

Сепак, ако многу сте претерале со сончањето најдобро е да отидете на лекар, особено ако се појават меурчиња, зголемена телесна температура или ако е зафатена поголема површина од кожата.

Ако и покрај предупредувањата на лекарите се одлучите да излезете на сонце во периодот кога најмногу пржи, ќе ги почувствувате последиците од тоа. Кожата ќе стане црвена, проследена со болки, но и ќе ве чеша и пече.

Освен испробаните рецепти (ставање облози од ледена вода, смирување на кожата со помош на алое вера, јогурт, камилица…), еве уште неколку производи кои ќе ви ја излекуваат кожата.

Ако црвенилото како последица од сонцето се појавило на лицето, сварете компир, излупете го, испасирајте го и измешајте го со кисело млеко. Смесата држете ја на лицето 15-20 минути. На изгорениците можете да ставите маска од еден изрендан свеж компир и да ја држите околу половина час.

Свежата лушпа од излупениот компир е мошне лековитата, бидејќи има антибактериски својства.
Натопете газа во масло од лаванда, и ставете ја на загрозената површина. Постапката повторувајте ја неколку часа. Станува збор за одличен антисептик, кој ќе ја ублажи болката.

Спасот е и во кантарионот. Три лажици суви цветови од кантарион прелијте ги со 2 дл масло во стаклен сад, добро затворете го и по 10 дена процедете го низ газа.

Ако изгорениците се поблаги, нанесете на нив пченкарно брашно и болката ќе се смири, или пак, од вода и од истото брашно направете тесто и нанесете го директно на изгорениците.

Измешајте мала шолја немасно млеко и четири мали шолји вода, додадете во тоа неколку коцки мраз. Облозите држете ги на кожата 15-20 минути и постапката повторувајте ја на секои три часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот