
Рецепт за најздравиот намаз: Помага во слабеењето и ги штити срцето, црниот дроб и бубрезите
Кремастиот, густ сос направен од комбинација од наут, таан, маслиново масло, сок од лимон и лук е омилено јадење за многу луѓе во светот, но сè повеќе и кај нас. Секако, станува збор за хумусот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Помага во одржувањето на оптималната телесна маса
Иако една намирница сама по себе не може да биде магично стапче за слабеење, хумусот може да биде корисен за луѓето кои се обидуваат да одржат оптимална телесна маса на здрав начин. Хумусот е извор на растителни протеини и влакна кои помагаат да се чувствувате сити подолго време. Ако се држите до големината на порцијата од 2 лажици, може да се каже и дека доста нискокалоричен во споредба со многу други сосови и преливи. Една студија покажа дека луѓето кои консумираат наут и хумус имаат 53 отсто помал ризик од дебелина и 51 отсто помал ризик од зголемени нивоа на шеќер во крвта.

Поддршка за добро варење
Веројатно веќе знаете колку се важни влакната за здравјето на цревата и варењето, но сепак огромното мнозинство од населението не внесува преку исхраната доволно влакна во организмот. Хумусот може да биде одличен начин да го зголемите внесот на влакна, особено кога се сервира во комбинација со шарен зеленчук. Истражувањата покажаа дека влакната во хумусот можат да помогнат во хранењето на добрите бактерии во нашето тело и да ја подобрат разновидноста на микробиотата. Повеќето луѓе препорачуваат порции од 2 лажици, но некои луѓе можат да јадат 4 лажици хумус ако го јадат неколкупати на ден, наместо сè одеднаш.
Може да го подобри здравјето на срцето
Состојките во хумусот, особено наутот и таанот, се поврзани со некои мошне импресивни придобивки за срцето. Наутот содржи повеќекратно незаситени масти (ПУФА) здрави за срцето и во исто време има ниска содржина на заситени масти. Високиот удел од влакната е корисен за излачувањето на холестеролот. Новите студии сугерираат дека постои поврзаност помеѓу редовната консумација на наут и значително пониските вредности на ЛДЛ или таканаречениот лош холестерол и вкупен холестерол. Тука е и таанот, намаз направен од мелени семки од сусам, кој е исто така има висок удел на здрави незаситени масти, како што се ПУФА и мононезаситени масни киселини (МУФА). Истражувањата исто така покажаа и дека редовната консумација на умерени количини таан ја зајакнува отпорноста на црниот дроб и бубрезите. Она што е сигурно е дека одржувањето на нивоата на холестерол во крвта во нормални граници е исклучително важно за зачувување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од развој на хронични болести.
Дали е безбеден за сите?
Хумусот е генерално здрава и безбедна храна за повеќето луѓе, но има неколку работи што треба да се имаат предвид:
Алергии
Луѓето со алергии на храна треба да ја проверат листата на состојки за хумус. Хумусот содржи сусам (од таан), кој се смета за чест алерген. Во тој случај, можеби ќе размислите сами да направите намаз од леблебија без додавање паста од таан.
Удел на натриумот
Индустриски произведениот и купен хумус често има многу висок удел на натриум, што може да биде загрижувачко, особено ако го јадете неколкупати на ден. Луѓето кои треба да го ограничат внесот на сол или кои се на диета со многу низок удел на сол треба да јадат хумус во помали количини или да дадат предност на домашниот хумус за да можат да ја контролираат количината на сол во него.

Рецепт за домашен хумус
– 400 г варен наут
– 2 лажички таан (паста од сусам)
– 1 чешне лук
– ½ лажичка сол
– 3 лажици екстра девствено маслиново масло
– мелена црвена пиперка (по желба)
– 1,5 лажици свежо исцеден сок од лимон
– листови од коријандер и магдонос (по желба)
Подготовка:
1. Сварете го наутот, исцедете го, но зачувајте дел од водата во која се варел.
2. Ставете го изладениот наут во блендер.
3. Додадете ги таанот, згмечениот лук, солта, сокот од лимон и 3 лажици вода од варењето на наутот.
4. Вклучете го блендерот и повремено додавајте малку маслиново масло. Кога ќе добиете изедначена смеса, ставете го хумусот во соодветен сад за сервирање.
5. Посипете со мелена пиперка и, по желба, сечкан магдонос и коријандер.
