Тетовски суд одлучи Зијадин Села да ги добие печатите на партијата АА

фото: ТВ 24, Зијадин Села, интервју за 24 анализа

Основен суд Тетово донел одлука за спорот помеѓу претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и претседателот на партиското Собрание, Зијадин Села. Според неофицијалните информации, Села добива легитимитет, а со тоа и неговите одлуки се летимни. Ова би значело дека тој ги добива и партиските печати, а Таравари излегува од игра.

Крилото на Села на претстојните избори се приклучи на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. Крилото на Таравари пак се приклучи на коалиција Вреди, во која се опозициските партии на Албанците, а самиот Таравари е претседателски кандидат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот