Евротинк ќе презентира резултати од анкетата „Односите со Европската Унија, соседите и изборите“

ЕУ инфо центар во Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Центарот за европски стратегии Евротинк денеска ќе презентира резултати од анкетата ЕВРОМЕТАР 2023, спроведена во текот на изминатиот месец.

Анкетата ги опфаќа и ставовите на граѓаните за демократијата во Македонија, односите со Европската Унија, соседите, за надворешната политика, изборите и за тоа како се информираат граѓаните, т.е. кој медиум го користат како извор на информации.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ –
Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство
на Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот