
10 причини поради кои доцни месечниот циклус, а не е бременост
Понекогаш се работи за исклучок, во кој причините може да бидат промена на клима, изложеност на страв или стрес или пак, некој незначаен проблем, но доколку меѓу два циклуса имате повеќе од 40 денови растојание.
Препорачано
Најчести причини зошто менструацијата изостанува се следниве:
Инфекција
Можна причина е вагинална инфекција која преминала во воспаление и мора да интервенира гинеколог, локално и со антибиотици.
Полицистични јајници
Овој синдром е многу чест, особено кај помладите девојки, предизвикан поради нарушување на хормоните. Ако не се лечи, доведува до неплодност, бидејќи овулацијата е отежната.
Миоми на матката
Може да предизвикаат или пролонгирано крварење или целосно изостанување.
Лоша исхрана
Недостатокот на протеини и витамини може да биде виновен за нарушениот циклус.
Нагло слабеење
Со наглото губење на телесната маса, се предизвикува нарушување на нивоата на естроген, што понатаму прави проблеми во редовната овулација.
Голем стрес
Големите стресови како што се болест на близок, смрт, раскинување на долга врска, губење работа и слични несомнено предизвикуваат нарушување на целото тело, вклучително и на хормоните во репродуктивниот систем.
Болести на тироидната жлезда
Ако страдате од нарушување на тироидната жлезда, може да доведе и до лоша контрола на инсулинот, како и застој на работата на јајниците.
Рана менопауза
Иако е ретка, може да се случи жени помлади од 40 години да влезат во рана менопауза, а со тоа и престанок на месечниот циклус.
Спонтан абортус
Доколку сте имале спонтан абортус, може да очекувате нерегуларен циклус во следните месеци.
Одредени лекови
Антикоагулантите и лековите за хронични болести може, но и не мора да предизвикаат нарушување на менструацијата. Сепак, ако земате вакви лекови, не ги исклучувајте како можна причина за нередовниот циклус.