Александар Ефтимов - Таеквондо - Фото Слободен печат / Методи Здравев

🎙️СПорткаст ЕП11 | Ефтимов: Сите волонтери на Олимпијадата навиваа за Мила Рељиќ

Вечерва се емитува единаесеттата епизода на СПорткаст на „Слободен печат“.

Гостин во единаесеттото издание на СПорткаст е Александар Ефтимов, тренер по таеквондо во клубот „Тигар“ и „учител“ и ментор на нашата најдобра таеквондистка Милјана Рељиќ. Со Ефтимов разговаравме за неговото детство, за првиот негов контакт со таеквондото и љубовта која ја има кон овој спорт. Ефтимов пред камерите на „Слободен печат“ го раскажа и целото искуство од настапот на Летните олимписки игри во Париз, како и за потешкотиите во подготовките со кои се соочувале во очи олимпијадата.

Разговорот со Александар Ефтимов и ќе можете да го проследите вечерва со почеток од 20 часот, на јутуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот