фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Зверев сигурен на стартот на САД опен: Германецот рутински го елиминираше Табило

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД, откако го победи Алехандро Табило од Чиле со 3:0 во сетови, 6:2, 7:6, 6:4.

Зверев ја оправда својата улога на фаворит на теренот, и тоа го стори за два часа и девет минути игра во Њујорк.

Во првиот и третиот сет, сè одеше добро за Зверев, а единствената мака што ја имаше беше во вториот, кога мораше да спаси сет топка, а потоа преку тај-брејк да стигне до сетот.

Потоа, во 12 гем, мораше да спаси сет-поен, а на крајот сепак успеа да го освои тај-брејкот, во кој славеше.

После тоа, работите беа многу полесни, со оглед на тоа што имаше предност од два сета, и сè што требаше да направи беше да ја заврши работата во третиот сет, што и го направи.

Зверев така се пласираше во втората рунда, каде што ќе игра против Џејкоб Фирнли од Велика Британија, кој претходно го елиминираше Роберто Баутиста Агут со 3:1.

Грчкиот тенисер триумфираше со пресврт против Французинот Александре Милер со 4:6, 6:0, 6:1 и 7:6.

Гаел Монфис од Франција загуби од Роман Сафиулин во меч со пет сета (4:6, 6:2, 1:6, 6:3, 4:6).

Елиминација доживеа и Шпанецот Роберто Баутиста-Агут кој беше совладан од Британецот Џејкоб Фирнли со 5:7, 2:6, 7:5 и 4:6, додека Американецот Томи Пол (14 носител) ја оправда фаворитската улога против Данецот Елмер Молер со 6:3, 6:3 и 6:1.

Синер фуриозно стартуваше на САД Опен – противникот освои само четири гема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот