Германецот се наоѓа во одлична форма/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Зверев победник на Мастерсот во Синсинати

Германскиот тенисер Александер Зверев ја освои титулата на мастерс турнирот во Синсинати откако во финалето беше подобар од Русинот, Андреј Рубљов.

Зверев за точно еден час игра славеше во два сета и тоа со 6:2,6:3 со што дојде до петтата титула во кариерата на мастерс турнирите од серијата 1000. Претходно Зверев славеше во Рим 2017, Монтреал 2018, Мадрид во 2018 и 2021 година.
Интересно е што Германецот до оваа година никогаш немаше остварено победа во Синсинати губејќи ги сите шест меча.

 

Зверев исто така стана првиот тенисер кои го освои златниот медал на Олимписките игри и славел на првиот мастерс по нив во Синсинати од 1996 година кога истиот подвиг го направи и Андре Агаси.

Во првиот сет, Зверев направи два брејка и поведе со 4:0 и без проблеми го освои сетот. Во вториот, Германецот повторно прави два брејка и при резултат 5:2 сервираше за титула, но Рубљов успеа да остане во игра правејќи брејк. Меѓутоа, веќе во наредниот гем, на сервис на рускиот тенисер, Зверев направи рибрејк и дојде до вкупно 17, титула во кариерата.

Кај дамите, титулата ја освои првата тенисерка на ВТА ранг листата, Ешли Барти која во финалето со 6:3,6:1 ја победи Жил Белен Тајхман од Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот