
Зошто во есен нè боли желудникот? Како да го спречите или лекувате гастритисот
Со доаѓањето на есента, почести се желудочните тегоби како гастритис и чир на желудникот кои во тој период се влошуваат. Воспалението на желудочната слузокожа, попознато како гастритис, е едно од најчестите желудочни заболувања, а есента е време кога најмногу луѓе се жалат на овие тегоби. Тоа, меѓутоа, не е случајно. Со есента доаѓа до хормонални промени, се менува киселоста на желудникот, а активноста на органите за варење станува побавна.
Препорачано
Стручњаците потсетуваат дека гастритисот може да биде акутен и хроничен.
Причините за гастритис се различни кои можат да бидат заеднички и за акутниот и за хроничниот, а тоа најчесто е користењето на нестероидните антиревматици (нестероидни лекови против воспаленија).
Гастроентеролозите укажуваат дека е важно да се напомене дека е сеедно дали пациентите тие препарати ги земаат како таблети, инјекции или чепчиња, бидејќи поеднакво штетно дејствуваат на слузокожата на желудникот.
Поради честите настинки, вирусни инфекции и грипот во есен се земаат лекови кои само ги ублажуваат симптомите, а се заборава дека токму тие можат дополнително да ја нагризат слузокожата и да предизвикаат нејзино воспаление, а подоцна и чир.
Хеликобактер пилори најчеста причина
Причина за гастритисот и чирот можат да бидат и инфекциите со бактерии, од кои најчеста е Хеликобактер пилори, која укажува на инфекциите со вируси, габички, паразити.
Слузокожата на желудникот може да се воспали и поради консумирање неадекватна храна, алкохол, цигари, а не треба да се занемари ниту големото влијание на стресот. Тој го интензивира лачењето на желудочната киселина и на тој начин предизвикува тегоби.
Најчести тегоби се мачнината, повраќањето, киселината, тежината и болката во пределот над папокот, подуеноста… Најточна дијагноза се поставува со гастроскопија кога се зема и примерок за патолошка и микробиолошка анализа.
Пет мали оброци
Поголемиот број на желудочни тегоби можат да се ублажат, но пред сè, треба да се внимава на исхраната. Луѓето кои имаат чир на желудникот, во овој период од годината, почесто се јавуваат кај лекар, жалејќи се на болки, печење и мачнина во желудникот, подуеност и губиток на апетитот. Лекарите советуваат што да преземете за ублажување и спречување на дигестивните тегоби настанати поради воспалението и оштетувањето на слузокожата на желудникот. Внимавајте на исхраната, односно избегнувајте зачинета, мрсна и кисела храна. Јадењата не смеат да бидат премногу топли или студени, а треба да се приготвуваат со малку маснотии, без запршка. Не се препорачуваат големи количини млеко, а пикантните зачини, големите количества сол, лутата приперка е најдобро да се избегнуваат. Треба да се јаде помалку калорична храна поделена во неколку мали оброци, четири, пет и повеќе, како и да се избегнуваат зелката, спанаќот, кафето, какаото, чоколадата, слатките. Производите кои содржат ментол (бомбоните, гумите за џвакање), исто така, го иритираат желудникот.
Од храната која би се препорачала како припомош, тука се наведуваат бананите, бадемите, јогуртот, лесните напивки и чаеви…
Народен рецепт за гастритис
Лековитиот магдонос и тука наоѓа примена. Четири лажици изрендан корен од магдонос прелијте го со чаша зовриена вода. По 15 минути процедете и пијте по малку во текот на два дена.
Сок од зелка
Секој ден, најмалку 10 дена по ред, треба на гладно да се испие чаша сок од свежа зелка. Зелката можете да ја цедите рачно или со помош на соковник.