Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Зошто треба да чувате лимон до креветот во вашата спална соба?

Според ароматерапијата, лимонот не е само овошје, туку магична состојка која може да предизвика физиолошка реакција во телото, а има неколку причини зошто треба да го чувате до креветот во вашата спална соба.

Богат со вредни хранливи материи, како витамин Ц, витамини А и Б, манган, калциум, калиум, магнезиум и моќни антиоксиданси, лимонот е добар за кожата, па дури и за внатрешните органи.

Може да помогне при респираторни проблеми

Се прашувате како? Истражувања покажаа дека ставањето исечени лимони покрај креветот навечер може да помогне во подобрување на респираторните проблеми, квалитетот на воздухот и спиењето. Имајќи предвид дека ги ублажува проблемите со дишењето, оние кои страдаат од астма, алергии или настинки треба да го држат покрај креветот. Исто така, може да ви помогне повеќе да немате проблеми со зарипнат глас и суво грло.

Го подобрува квалитетот на воздухот

Детоксикациските својства на лимонот го прават ефикасно средство за подобрување на квалитетот на воздухот. Според истражувачите, тој зрачи со силна арома што го прави воздухот во собата и околу креветот малку попријатен.

Ги убива бактериите

Лимонот е уништувач на бактерии, па затоа се препорачува да го имате во спалната соба не само во зима, туку и во лето, кога има многу бактерии во воздухот. Ќе ги одврати и здодевните инсекти и комарци.

Го намалува стресот

Според ароматерапевтите, лимонот е природен антистрес агент. Го стимулира производството на серотонин и ја регулира анксиозноста и промените на расположението. Серотонин е хемикалија во мозокот која го регулира расположението и ја балансира депресијата.

Свеж мирис

Покрај сите придобивки, вашата спална соба ќе има пријатен и свеж мирис кој ќе го направи секој ден подобар почеток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот