Фото: Pexels / Zainab Aamir

Зошто се верува дека отворањето чадор во затворен простор носи лоша среќа?

Отворањето чадор во затворен простор многумина го избегнуваат, дури и ако не се суеверни. Но, зошто е тоа така?

„Логично е да се претпостави дека ова суеверие започнало со создавањето на чадорот“, рекол Фил Стивенс, професор по антропологија.

Сè уште не е познат точниот датум на создавањето на чадорот, но древните Египќани се очигледно одговорни за раната верзија, бидејќи откриената уметност покажува свештеници и членови на кралското семејство кои користат чадори за сенка уште во 1.200 година п.н.е., пишува „Ридерс дајџест“.

Богатите Египќани вусшност носеле чадори за сонце направени од папирус и пердуви, кои служеле како статусен симбол. Наводно, со отворањето на своите чадори за сонце во затворен простор, тие би го налутиле богот на сонцето Ра и би
претрпеле тешки последиците.

Други извештаи тврдат дека чадори за сонце со пердуви од паун биле наменети да го имитираат небесното божество, Нут, а за неблагородник да стапне под нејзината сенка било светољубие.

Во двата случаи, теориите укажуваат на тоа дека потеклото е вкоренето во религијата, а не во мистицизмот.

„Ако се налутел египетскиот бог на сонцето, Ра, тоа се смета за религиозно верување“, објаснил Стивенс.

Во викторијанската ера, околу средината на 19 век, чадорите биле големи и неприкосновени, со силни метални жици. Во книгата на Панати „Извонредно потекло на секојдневните нешта“, научникот Чарлс Панати пишува: „Чадор со крути краци, отворен ненадејно во мала соба, може сериозно да повреди возрасен или дете или да скрши кревок предмет. Така, суеверието се појави како механизам за да не се отвора чадор во затворен простор“.

Луѓето во различни култури често веруваат дека работите имаат индивидуална моќ или суштина во нив.

„Кога е отворен, чадорот е дизајниран да се користи надвор, во невреме. Бурата е непредвидлива, непријатна, потенцијално насилна и деструктивна“, рекол Стивенс.

„Куќата е уредна, тивка, мирна. Отворањето на чадорот внатре ја загадува куќата со суштината на бурата. ‘Лоша среќа’ е резултатот – генеричка ознака што ќе се однесува на сè што ќе тргне наопаку во куќата или со нејзините жители“, додал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот