Фото: Zoonar/joanna wnuk, Zoonar GmbH / Alamy / Profimedia

Зошто кефирот е толку здрав и каков влијание всушност има врз цревата?

Надуеност, запек, чувство на тежина по јадење – ако варењето ви е постојано во хаос, не сте единствени. Стресот, исхраната со малку влакна, нередовните оброци и недостигот на сон можат сериозно да ја нарушат функцијата на цревата. Но, постои нешто едноставно што може да направи голема разлика, а тоа доаѓа во форма на густ, киселкаст пијалак – кефир.

Што е кефир и зошто е посебен?

Кефирот е ферментиран пијалак кој обично се прави од кравјо или козјо млеко, а содржи десетици видови корисни бактерии и квасци. Звучи слично на јогурт, но всушност е уште помоќен – со повеќе различни пробиотски култури и полесно варење.

Нутриционистите го опишуваат како „јогурт на стероиди“ бидејќи содржи повеќе пробиотски соеви, а со самото тоа има и посилно дејство на цревната микробиота. Со други зборови, кефирот може да им помогне на нашите црева повторно да почнат да работат правилно.

Како функционира?

Кефирот природно содржи бактерии како што се Lactobacillus и Bifidobacterium, кои го поддржуваат растот на корисните микроорганизми во цревата. Ова може да ја намали надуеноста и гасовите, да ја поттикне редовната столица, да го подобри разградувањето на храната и да ја зајакне цревната бариера и имунитетот.

Покрај варењето, сè повеќе истражувања го поврзуваат здравјето на цревата со квалитетот на сонот, расположението, па дури и со нивото на енергија.

Луѓето кои кои пиеле кефир секој ден еден месец опишале дека по само неколку дена се чувствувале „полни со енергија“, подолго време сити и со видливо подобар тен. Иако не е научно докажано, сè повеќе луѓе пријавуваат слични ефекти.

Она што е интересно – многумина не го сакаат на почетокот. Текстурата е густа, вкусот е малку кисел, а мирисот е специфичен. Но, кога телото ќе ги „почувствува“ ефектите, чаша кефир дневно лесно станува навика.

Како да пиете кефир?

Препорачаната количина е од 100 до 200 мл дневно. Ако го пиеме за подобро варење, најдобро е да го консумираме наутро на празен желудник. Ако повеќе ви одговара како меѓуоброк, може да се користи и по јадење.

Можеме да го пиеме самостојно, да го додадеме во смути или да го измешаме со овошје и овесни снегулки. Исто така, постојат верзии без лактоза, како и воден кефир за оние кои избегнуваат млечни производи.

На што да внимавате?

При купувањето, важно е да ја прочитате декларацијата – добриот кефир треба да содржи само ферментирано млеко и евентуално природни ароми. Избегнувајте производи со додадени шеќери, згуснувачи и вештачки ароми.

Ако имате нетолеранција на лактоза или алергија на млеко, изберете кефир без лактоза или воден кефир. Лицата со сериозно нарушен имунитет треба да се консултираат со лекар пред консумирање.

Домашен кефир

Кефирот може да се направи и дома, со мошне малку состојки – доволно е да набавите зрна кефир и млеко. По ферментацијата од 24 до 48 часа на собна температура, ќе добиете густ, богат со пробиотици пијалак. Домашниот кефир има поизразен вкус, но има и предност што не содржи додадени шеќери ниту адитиви. Важно е само да внимавате на хигиената, особено ако имате ослабен имунолошки систем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот