Фото: Пекселс/ Vie Studio

Зошто е добро да се јадат семки од тиква секој ден?

Семките од тиква можеби на прв поглед изгледаат мали, но содржат многу вредни хранливи материи.

Дури и малите количества семки му обезбедуваат на телото значителни количини на здрави масти, магнезиум и цинк, а тие лесно се вклучуваат во вашата секојдневна исхрана.

30 грама семки содржи:

Енергија: 151 калории
Влакна: 1,7 грама
Јаглехидрати: 5 грама
Протеини: 7 грама
Масти: 13 грама (од кои 6 се омега и 6 масни киселини)
Витамин К: 18 отсто РДИ (RDI)
Фосфор: 33отсто РДИ (RDI)
Манган: 42 отсто РДИ (RDI)
Магнезиум: 37 остсто РДИ (RDI)
Железо: 23 отсто РДИ (RDI)
Цинк: 14 отсто РДИ (RDI)
Бакар: 19 отсто РДИ (RDI)

Семките од тиква содржат и значителни количини на антиоксиданси и полинезаситени масни киселини, како и калиум, витамин Б2 и фолна киселина.

Семките од тиква содржат антиоксиданси како што се каротеноиди и витамин Е. Антиоксидансите можат да го намалат воспалението и да ги заштитат нашите клетки од слободните радикали. Затоа храната богата со антиоксиданси може да ве заштити од разни болести. Во една студија спроведена на стаорци кои страдаат од артритис, забележано е намалено воспаление откако им било дадено масло од семки од тиква.

Исхраната богата со семки од тиква е поврзана со помал ризик од рак на желудникот, дојката, белите дробови, простатата и дебелото црево. Резултатите од големото истражување, спроведено на жени во постменопауза, покажале дека консумирањето семки од тиква е поврзано со намален ризик од рак на дојка.

Неколку студии потврдија дека семките од тиква ги намалуваат симптомите поврзани со проблеми со простатата. Исто така, резултатите од една студија покажаа дека земањето 10 грама екстракт од семки од тиква дневно ја подобрува функцијата на уринарниот систем.

Семките од тиква се еден од најдобрите природни извори на магнезиум, што е многу важно поради зголемената појава на недостаток на магнезиум во западните земји. Магнезиумот е неопходен за повеќе од 600 хемиски реакции во телото.

Соодветното ниво на магнезиум во телото е важно за:
контрола на крвниот притисок
намалување на ризикот од срцеви заболувања
формирање и одржување на здрави коски
регулирање на нивото на гликоза во крвта

Студиите врз животни покажаа дека маслото од семки од тиква може да го намали високиот крвен притисок и високиот холестерол – два важни фактори на ризик за развој на срцеви заболувања. Резултатите од една студија, во која беа опфатени 35 жени во постменопауза, покажаа дека земањето додатоци во исхраната во форма на масло од семки од тиква го намалува крвниот притисок за 7отсто и го зголемува нивото на „добриот“, HDL, холестерол за 16% отсто во период од 12 недели.

Студиите врз животни покажаа дека тиквата, семките од тиква, прав од семки од тиква и сокот од тиква можат да го намалат нивото на гликоза во крвта. Ова е особено важно за луѓето со дијабетес кои се борат со контрола на гликозата во крвта. Неколку студии покажаа дека консумирањето сок од тиква или прав од семки од тиква го намалува нивото на гликоза во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2, што се припишува на високата содржина на магнезиум.

Семките од тиква се одличен извор на диетални влакна – тие обезбедуваат 5,2 г влакна на 30 г семки. Диетата богата со влакна одржува здрав дигестивен систем и е поврзана со намален ризик од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и дебелина.

Намаленото ниво на цинк во телото е поврзано со намален квалитет на спермата и зголемен ризик од неплодност кај мажите. Семките од тиква се богат извор на цинк, кој може да го подобри квалитетот на спермата. Исто така, тие содржат антиоксиданси и други хранливи материи кои можат да учествуваат во одржувањето на посакуваното ниво на тестостерон.

Ако имате проблеми со спиењето, можеби ќе сакате да консумирате семки од тиква пред спиење. Семките од тиква се природен извор на триптофан , аминокиселина која го подобрува сонот. Откриено е дека дневниот внес на g триптофан може да го подобри сонот. Сепак, тоа би значело дека ќе треба да јадете околу 200 грама семки од тиква дневно за да се осигурате дека добивате 1 грам триптофан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот