Instagram

Зошто Џош Хартнет на врвот од славата го напушти Холивуд?

Пред дваесет години Џош Хартнет беше еден од најбараните актери во Холивуд и сите му предвидуваа голема слава. Така беше сè до моментот кога реши дека му е доста од сè и го напушти тој свет.

Четириесет и двегодишниот актер кариерата ја започна во 1997 година со телевизиски улоги, а филмското деби го имаше во хорор филмот „Халуин: 20 години подоцна“. Потоа следуваа улоги во тинејџерски хорор филмови, но улогата која му донесе голема слава е во филмот „Самоубиства на девиците“. Потоа почна да добива понуди за улоги во филмски блокбастери, додека Џош не изјави дека му е доста од сè и реши да си замине.

Луѓето сакаа да направат бренд од мене, но на погрешен начин. Очекуваа да играм едни исти улоги и да станам момче кое сите ќе го сакаат и секогаш ќе биде достапно за сите. Но јас не се гледав себеси така и решив да се откажам – вели тој и додава дека решил да бира улоги кои со кои ќе може лично да се поврзе.

Пред да ја прекине соработката со филмските студија, бидејќи им се разидувале целите и идеите, Џош добиваше понуди за улоги во блокбастери. Еден од нив беше воениот филм „Перл Харбор“ најавуван како следен „Титаник“, кој сепак не доживеа таков успех. Иако настапи покрај големите филмски ѕвезди Кејт Бекинсејл и Бен Афлек, Џош долго се двоумел дали да ја прифати улогата.

Instagram

– Бев задоволен со славата што ја имав и улогите што ги добивав, па се запрашав „Дали се плашам дека ако го снимам „Перл Харбор“ ќе влезам во нова категорија филмски дела за кои можеби не сум подготвен?“. Тогаш решив да ја прифатам улогата, бидејќи не сакав да ја одбијам поради страв. Но подоцна таа улога ме однесе во насока која не ми се допаѓаше, што значи мојот страв беше оправдан – зборува тој и се потсетува на интервјуто „Создавањето на Џош Хартнет“ за насловната страница од „Венити фер“ во 2001 година.

Тоа беше ужасно. Наместо да има мои изјави, целото интервју беше засновано на тоа што другите кажуваат за мене. Преку тоа интервју луѓето добија погрешна претстава за мене и мислеа дека сум голема филмска ѕвезда која сака да се наметне. Дури ме споредуваа со Том Круз ( улогата во „Топ Ган“) што беше многу погрешно. Тогаш сфатив дека ми е доста од сè.

Instagram

Денес Џош со сопругата Тамсин Егертон, која исто така е актерка, и двете деца, живеат далеку од Холивуд, во Сари, Англија. Последен филм во кој се појавува е канадската крими драма „Примарна цел“ работена според вистински настан, а Џош глуми новинар кој открива голема мрежа на криумчарење дрога во која се вмешани и луѓе од полицијата.

Среќен сум што завршив со ерата снимање филмови по секоја цена и сега бирам само улоги кои јас ги сакам. Режисерите повеќе не ми нудат само улоги на херој, туку доаѓаат со понуди за улоги за кои знаат дека добро ќе ги одиграм. – вели Џош.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот