Фото: Јутјуб/Принтскрин

Зошто Барон Трамп секогаш носи ист црн ранец со себе? Причината ќе ве трогне

Барон Трамп, синот на Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, предизвика голема врева за време на церемонијата на инаугурација на неговиот татко. Тој се истакна со својот изглед и висината од 196 сантиметри, но луѓето забележаа уште еден интересен детаљ кај наследникот на американскиот претседател.

Многумина забележале дека Барон секогаш носи црн ранец со себе, а теоретичарите веруваат дека откриле „трогателна“ причина зошто, пренесува „Мирор“.

Во видеото на Тикток споделено од креаторот на содржини „Жешки приказни за познатите“, беше поставено прашањето: „Зошто Барон Трамп секогаш носи црна училишна торба од 88 долари каде и да оди? Како син на Трамп и иден наследник, Барон има стотици милиони долари, но секогаш носи евтина црна училишна чанта“.

„Барон живее луксузен живот уште од детството. Го одгледала Меланија и од детството живеел удобно и во изобилство. Но, никој не би поверувал дека под водство на Трамп, Барон приватно е многу штедлив“, се вели во објавата.

Од почетокот на факултетот, Брон носи црн училиштен ранец од 88 долари, што го прави повеќе да личи на обичен студент. Ова му овозможува да остане незабележителен и да биде попристапен во јавноста и му овозможува поудобно да учествува во различни активности.

„За да ги следи стапките на својот татко, Барон отсекогаш држел низок профил. Дури и на 18 години никогаш не купувал луксузни парчиња. Ова може малку подобро да ја обликува позитивната слика на Барон, да го подготви да биде наследник во иднина и да игра позитивна улога во целокупниот имиџ на семејството Трамп“, се додава во објавата.

ВИДЕО | Барон Трамп го украде шоуто на инаугурацијата на Трамп, се ракуваше со Џо Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот