Сергеј Лавров
Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Зошто авионот на Лавров го прекина летот кон Пекинг и на половина пат се врати во Москва ?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина во претходно закажана посета на Кина и во тоа нема ништо необично. Кина и Русија имаат блиски односи и покрај актуелната војна во Украина, но, необично е тоа што авионот во кој беше рускиот министер за надворешни работи, никогаш не пристигна во Пекинг.

Сергеј Лавров синоќа заедно со бројна руската делегација замина во Пекинг каде се очекуваше да се сретне со кинеските претставници. Меѓутоа, како што пишува германски Билд, авионот на познатиот „Мистер Њет“, не слетал во Пекинг.

Некаде на половина пат, поточно над Сибир, авионот со руската делегација се сврте и се врати во Москва. Набрзо слета на московскиот аеродром Шереметјево, а единственото прашање кое се наметна беше – зошто Лавров ја откажа посетата на Пекинг?

Споменатиот авион пред промената на курсот поминал околу 2.800 километри, а за вчерашните случувања никој засега не поседува точни информации.

Некои од опциите кои се споменуваат се дека Кина можеби одбила да го прими шефот на руската дипломатија, па дури и и дека директивата за враќање на Лавров била дадена лично од рускиот претседател Владимир Путин.

Москва, наводно, побарала од Кина воена и економска помош во претходните денови, но официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.

Во исто време, еден од кинеските официјални лица, односно кинескиот амбасадор во Украина, Фан Сианронг, денеска првпат јасно зборуваше за војната во Украина и посочи дека Кина нема да и се приклучи на Русија во украинската војна .

„Кина никогаш нема да ја нападне Украина“, изјави кинескиот амбасадор во Украина, додека останува неизвесно што се случило со авионот на Сергеј Лавров синоќа.

Кина никогаш нема да ја нападне Украина, вели кинескиот амбасадор

Која е политичката игра на Кина?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот