Зоран и Васил Јованов / Фотоколаж: „Слободен печат“

Зоран Јованов не чувствува вина за тоа што го направил син му

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ поради наводна попустливост кон синот, кој во јануари годинава управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол ја усмрти Фросина Кулакова.

Обвинителот Александар Марковски нагласи дека „татковата љубов и попустливост кон синот“ придонеле за создавање на опасната состојба.

Таткото на Васил Јованов не дојде на судење – судот не можел да го најде дома, а обвинителството му го смени кривичното дело во поблаго

„Факт е дека обвинетиот е офицер за пример и досега не бил во судир со законот, но тука сме за да цениме што требало, или не требало, да направи како родител“, изјави тој.

Одбраната, пак, преку адвокатот Сашко Дуковски, оцени дека обвинението е правно неосновано и претставува „преседан незабележан во македонската правна историја“. Дуковски најави дека ќе бара детално образложение за секој доказ што го поднело обвинителството.

Рочиштето беше одбележано и со реакција на таткото на починатата Фросина, Тодор Кулаков, кој побара изземање на судијката Снежана Марковска, по што беше отстранет од судницата.

Поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов

Првичниот обвинителен предлог за „предизвикување општа опасност“ беше изменет откако обвинителството прибави нови докази, со што Зоран Јованов сега се товари за потешко кривично дело.

Васил Јованов осуден на 12 години затвор – таткото на Фросина бесен, за адвокатот пресудата е превисока!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!