Јоханес Тингнес бо/ фото: EPA-EFE/Anders Wiklund

ЗОИ Пекинг: Четврто злато за Јоханес Тингнес Бо

Норвешкиот бијатлонец Јоханес Тингнес Бо го освои златниот медал на трката во масеов старт на 15 километри со што дојде до четвртиот златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг.
И покрај тоа што имаше четири промашувања поради кои извозе дополнителни 600 метри, Бо на крајот пристигна како прв со време од 38:14.4 минути.

Сребрениот медал му припадна на Марин Понсилуоми од Шведска, кој е актуелен светски шампион во масовен старт, кој имаше две промашувања  и заостана 40.3 секунди зад Бо.
Последното место на победничкиот подиум му припадна на Ветле Сјаштад Кристијансен од Норвешка кој задоцни 1:12 минути зад новиот олимписки шампион.

Во женска конкуренција на трката во масовен старт на 12.5 километри победи Жастин Брајза Буше од Франција. Француската бијатлонка на целта пристигна со време од 40:18 минути иако имаше дури четири промашувања.
Второто место го освои Норвежанката Тирил Екоф која задоцни 15.3 секунди зад Буше, додека Марте Олсбу Ројселанд од Норвешка, која е водечка во генералниот пласман во бијатлон, мораше да се задоволи со третото месо и бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!