ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против новинарот Александар Митовски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на координираната онлајн кампања на вознемирување и дискредитација насочена кон уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, по објава на видео на социјалните мрежи од негова средба со поранешен претседател на влада.

Видео материјалот е злоупотребен со јасна намера да се креираат негативни наративи кон Митовски, кои потоа се шират преку провокатори, но и анонимни ботови, што резултира со масовна онлајн хајка, говор на омраза и повици за насилство.

ЗНМ потсетува дека секој медиумски работник има право слободно да се движи и комуницира со различни извори и личности, без страв од јавна дискредитација или притисок.

Предупредуваме дека ваквите организирани напади можат да имаат сериозни последици врз слободата на изразување и безбедноста на медиумските работници и истите можат да придонесат кон авто цензура.

Потсетуваме дека говорот на омраза и повиците за насилство на социјалните мрежи претставуваат кривично дело, за кое одговорност носат и оние што го поттикнуваат и оние што го извршуваат.

Ги повикуваме сите јавни личности, политички субјекти и корисници на социјалните мрежи на свесност и одговорност во јавниот говор, особено кога се работи за лица активни во медиумската сфера.

ЗНМ останува посветено на заштитата на слободата на изразување и достоинството на медиумските професионалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот